САЕМ И РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКИ НА КОЛАЖИ ВО БИБЛИОТЕКАТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Денес (23 август) во Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 17 до 22 часот ќе се одржи петтиот саем и работилница за изработка на колажи на независната мрежа „ФИЈУК“.

„ФИЈУК“ е меѓународна и самоодржлива иницијатива чија мисија е да поттикнува нова графичка и дизајнерска продукција на книги, постери, графики, фотографии, принтови, копии и цртежи и да ја зголемува видливоста и побарувачката на локаните независни уметници и издавачи. Петтиот саем на „ФИЈУК“ во Македонија ќе ја презентира продукцијата на над 30 излагачи кои ќе ги претстават своите уметнички дела пред македонската публика. Изложбата е продажна.

Како дел од визуелната програма на саемот, ќе биде отворена изложбата „Ненаситни“, која по промоцијата во Белград (Србија), премиерно се поставува во Скопје. Изложбата „Ненаситни“ е составена од над 30 уметнички колажи кои се резултат на ентузијастично сецкање и лепење на безброј постери собрани на улиците во Скопје, Виена, Братислава и многу други локации на Балканот и Европа. По Скопје, оваа изложба ќе се претстави и пред публиката во Загреб (Хрватска), како дел од Охохо Фестивал. На настанот во НУБ ќе биде промовирана и арт книгата во сито печат „Ненаситни“.

На Саемот и изложбата ќе има и винил-сет на Владимир Муратовски – Диво и музички колаж на Јоана и Стражарот.

„ФИЈУК“ е независна меѓународна мрежа иницирана од Колективот Матријаршија од Белград во 2015 година, која потоа успешно се шири земјите на Балканот и на Скандинавија.

Настанот во Скопје е во организација на „Партизанска Штампа“, „Арт Еквилибриум“, „Гола Планина Колектив“, со поддршка од НУБ „Св. Климент Охридски“.