САЕМОТ НА КНИГА ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ДО 21 ЧАСОТ, УТРЕ ДО 22

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Саемот на книга, кој се одржува на отворено на паркингот кај А1 арената „Борис Трајковски“, денеска и утре ќе има продолжено работно време поради зголемен интерес од читателите.

Работното време денеска е до 21 часот, а утре ќе биде отворен од 10 до 22 часот. Саемот ќе трае до понеделник.

Со цел да се избегнат гужвите на билетарниците, организаторите потсетуваат дека билет за Саемот може да се купи онлајн преку електронскиот систем www.karti.kom.mk, по цена од 30 денари.