СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЦВЕТКОВСКА И МИХАЈЛОВСКИ ОД „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ НАГРАДЕНИ ЗА НАЈДОБРИ СОСТАВИ НА САЕМОТ НА КНИГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во чест на Денот на македонскиот јазик, 5 мај, учениците од скопската гимназија „Орце Николов“ Никола Михајловски и Бојана Цветковска добија награди од организаторите на Саемот на книга.

Средношколците се наградени со благодарница за учество со најдобар состав на тема за негувањето и зачувувањето на мајчиниот јазик, „Душата зборува на македонски јазик“.

Двајцата ученици во Промотивниот центар пред гостите ги прочитаа своите состави, кои се олицетворение на ставот на младите и нивната желба да го зачуваат она кое им се остава во наследство од страна на постарите генерации, благодарение на поборниците за чувањето на македонскиот јазик и бројните легенди на македонската книжевност и историја, како Кочо Рацин, Блаже Конески и Петре М. Андреевски.

Саемот на книга се одржува по 35. пат, а во арената „Борис Трајковски“ ќе трае до 10 мај.