САМО ДВЕ ГОДИНИ ПО ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА, ТАЈЛАНД ЌЕ ЈА ЗАБРАНИ РЕКРЕАТИВНАТА УПОТРЕБА НА МАРИХУАНАТА

Тајланд, (Ројтерс)

Тајланд ќе ја забрани рекреативната употреба на марихуаната до крајот на годината, но и натаму ќе може да се користи за медицински цели, објави министерството за здравство. Ова следува само две години откако Тајланд стана првата земја од Југоисточна Азија која целосно ја легализираше марихуаната, по што беа отворени илјадници продавници за нејзина продажба.

Владата сега состави нов предлог-закон за регулирање на користењето на канабисот, што се очекува да стапи на сила до крајот на годината.

Без закон за регулирање, канабисот ќе се злоупотребува, што има негативно влијание врз децата во Тајланд. На долги патеки, тоа може да води кон потешки дроги“, изјави министерот за здравство Чолнан Срикаев.

Претходната влада не успеа да го протурка законодавството низ парламентот пред општите избори во мај минатата година, оставајќи го Тајланд без закон за регулирање на употребата на марихуаната.

Со новиот закон, канабисот ќе биде контролирано растение, па за одгледување ќе биде потребна дозвола“, додаде Срикаев.