ПРЕДЛОЖЕНО ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКА И НА ОТВОРЕНО ПО НОВИОТ РЕКОРД ОД 364 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
A man wearing protective mask, ride his bicycle between the people with umbrellas during a rainy day in Skopje, Republic of North Macedonia on 06 August 2020.A wet wave hit North Macedonia last three days. Temperatures fell down for 20 C degrees.

Во Македонија се најавува повторно воведување на рестриктивни мерки откако втор ден по ред е регистрирана рекордна бројка на новозаразени со коронавирус.

  • Втор ден по ред, во Македонија има над 300 нови случаи на коронавирус – 364, 47 повеќе од вчера. Притоа биле направени 2.140 тестирања.
  • Повторно убедливо најмногу се во Скопје – 185, па следуваат Струмица со 21, Тетово со 19 и Кочани со 17.
  • Уште три лица починаа од ковид-19, а вкупно 775 досега.
  • Комисијата за заразни болести денеска до Владата предложи неколку мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:
  • Забрана за групирање во домашни услови, при што едно домаќинство би можело да прими само четири гости.
  • Забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22 часот.
  • Задолжително носење заштитна маска и на отворено и во затворено, вклучувајќи и работно место и јавен превоз. Исклучок се децата до шест години и лицата кои спортуваат на отворено.