ШЕСТ ПРЕТСТАВИ ОД ШЕСТ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ НА 16. ИЗДАНИЕ НА СКУПИ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Шест претстави ќе бидат на репертоарот на 16. издание на меѓународниот театарски фестивал Скупи, што ќе трае од денеска до среда. Учесниците доаѓаат од шест европски држави.

Вечерва од 21 часот, театарот „Александар Мојсиу“ од албанскиот град Драч ќе ја изведе претставата „Свадбата“ од Чехов во Домот на културата во Тетово.

Утре во Албанскиот театар за деца и млади во Скопје ќе се игра „Тесла – Прилагодување на ангелите“, во изведба на Театар Кабина од Загреб.

На репертоарот ќе бидат и „Лавина“ (Србија), „Осамени ликови“ (Бугарија), „Бајка“ (Италија) и „Андора“ (Косово). Овие претстави ќе се изведат во Театар Комедија во Скопје и во тетовскиот Дом на културата.

Во жирито ќе бидат Сенем Џевхер од Турција, Милена Селими од Албанија и Теа Беговска од Македонија.