Швајцарската драма „Хронофобија“, во режија на Франческо Рици, вечерва од 21 часот ќе биде премиерно прикажана во Кинотеката. Во главните улоги се познатата швајцарска актерка Сабине Тимотео и италијанскиот актер Виничио Маркиони. Станува збор за хроника на невозможна љубовна приказна.
Филмот освојуваше награди на фестивалите во Богота, Дурбан, Талин, Лече и „Макс Офилс“ во Сарбрикен.
„Хронофобија“ требаше да има премиера на 7 август, но поради пандемијата на ковид-19 беше одложена за почеток на октомври. Филмот ќе се прикажува и во кината низ земјава со поддршка на „Свис филмс“. Дистрибутер е „КТ филм и медија“.