„СИМБИОТИКС“ – ЗАЕДНИЧКА ИЗЛОЖБА НА БРАЌАТА КОРУНОВСКИ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)
KODAK Digital Still Camera

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложбата „Симбиотикс“ на браќата Ангел и Филип Коруновски. Тие се претставуваат со 40 дела работени во комбинирани сликарски и цртачки техники. Сите дела се сликани на квадратни платна.

„Појдовна точка на изложбата е да го објасниме движењето. Мојот пристап е експресионистички и е акционо сликарство. Овие дела се искрени, вистински, имаат во себе и агресија и љубов“, кажа Ангел Коруновски.

И двајцата автори го имаат завршенено Факултетот за ликовни уметности до Скопје.

„Заедничко на нашите дела е движењето, кое го прикажавме како дводимензионално и во два простора. Брат ми има експресивен начин на работа, јас работев со кратки потези, со кои сакав да постигнам треперења“, рече Филип Коруновски.

Промотор на изложбата беше театрологот и директор на Велешкиот театар Сашо Димоски.

П. ПЕЧКОВ