СИТЕ ГОЛЕМИ ПАРКИРАЛИШТА ВО ФРАНЦИЈА ЌЕ МОРА ДА БИДАТ ПОКРИЕНИ СО СОЛАРНИ ПАНЕЛИ

Париз, (Дезин)

Францускиот Сенат донесе закон според кој сите големи паркиралишта низ Франција мора да бидат опремени со соларни настрешници во следните шест години. Се проценува дека ова ќе генерира енергија колку десет нуклеарни реактори.

Ова ќе се однесува на сите постојани и нови паркинзи со најмалку 80 паркинг места, при што барем половина од нивната површина ќе мора да биде покриена со фотоволтаици.

Откако законот ќе стапи на сила во јули 2023, паркиралиштата со 80-400 паркинг места ќе мора да инсталираат соларни панели во рок од пет години, а оние со над 400 места ќе имаат рок од само три години.

Соларни паркиралишта веќе има низ Франција на комерцијални простори, како супермаркети, трговски центри и забавниот парк „Дизниленд“.