СИТЕ ПЛАНЕТИ ОД СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ ОВИЕ ДЕНОВИ СЕ ВИДЛИВИ НА НОЌНОТО НЕБО

Лондон, (Гардијан)

Сите планети од Сончевиот Систем ноќеска истовремено беа видливи на небото, што експертите го опишуваат како редок астрономски настан. Венера, Меркур, Сатурн, Јупитер и Марс можеа по тој ред да се видат со голо око, додека Уран, сместен меѓу Марс и Јупитер, и Нептун, кој се наоѓа меѓу Сатурн и Јупитер, ќе можат да се набљудуваат со двоглед или телескоп до крајот на годината.

Сите осум планети синоќа се појавија на оддалеченост од само 1,5 степени и вечерва во 22 часот треба да постигнат спојување, односно да бидат во најблиската точка.

Овие ноќи можеме одеднаш да ги видиме сите планети од Сончевиот Систем веднаш по зајдисонце. Ова се случува одвреме-навреме, но секогаш е спектакуларна глетка. Последната можност да се види оваа планетарна парада веројатно ќе биде на 31 декември“, изјави Џанлука Маси од италијанскиот проект „Виртуелен телескоп“.

Меркур најтешко може да се види без зголемување бидејќи се наоѓа на светлиот дел од небото, но може да се забележи до многу посветлата Венера. Јупитер изгледа посветло од сите останати ѕвезди.

Сатурн, втората најголема планета, ќе има златна боја кога ќе се појавува по стемнувањето секој ден до 2023.