СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ ИЗБИРА ЕДЕН УЧЕСНИК ПРЕКУ ПОЕТСКОТО ЧИТАЊЕ „ОТСКОЧНА ДАСКА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопски поетски фестивал објави повик за учество на „Отскочна даска“, поетско читање на кое можат да се пријават поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години. Настанот ќе има натпреварувачки карактер, а победникот ќе се претстави на отворањето на фестивалот на 30 септември.

Ние ќе ги избереме учесниците, а тие ќе го одберат победникот, кој ќе отскокне до отворањето на второто издание на СПФ на 30 септември во Младински културен центар во Скопје. Ако сте на возраст од 16 до 25 години и сакате да учествувате на ‘Отскочна даска‘, испратете ни две ваши песни на мејлот [email protected] најдоцна до 10 август“, велат организаторите.

Читањето ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ на 29 август, со почеток во 20 часот.