СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ КАЛЕНДАР СО ЏЕЗ МАТИНЕ СО ТРИОТО НА ТОНИ КИТАНОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новиот календар на Скопскиот џез фестивал ќе биде промовиран на 19 јануари во „Макка бар“ во Скопје, а настанот ќе се одржи од 13 часот.

Промоцијата е замислена како џез матине и ќе биде придружена со настап на триото на гитаристот Тони Китановски, во кој членуваат и Виктор Филиповски (тапани) и Гоце Трпков (диџеј).

Календарот содржи фотографии од настапите од ланското 42. издание на СЏФ, дело на словенечкиот фотограф Жига Коритник.

(Фото: СЏФ)