„СКОПСКО“ ИМА НОВА КАМПАЊА СО ЦИТАТ ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Цитатот од великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, „Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“, е носечка порака во новата кампања на „Скопско“.

„Како бренд со најдолга историја на македонскиот пазар, речиси 100 години знаеме дека животот на ова тло е полн со предизвици. Некогаш работите се движат кон подобро, некогаш не, но она во што веруваме е дека само заедно можеме да направиме да биде подобро. Токму тоа наше верување го пронајдовме во цитатот на Петре М. Андреевски, кој е носечка порака во нашата нова кампања“, велат од „Пивара Скопје“.

Оттаму додаваат дека со оваа кампања сакаат да ја нагласат важноста на заедништво, солидарност и меѓусебна поддршка во овие моменти.