Скулпторот Славчо Спировски синоќа ја отвори изложбата „Аголност на илузијата на пакетирањето“ во македонскиот Културно информативен центар (КИЦ) во Загреб, велат од Здружението за култура и уметност „КултурОп“.
„Творештвото на Славчо Спировски е постојано истражување и експериментирање на полето на скулптурата, амбиентот и мултимедијалноста, кои се темелат на сопствената и светската традиција и личната историја“, кажа кустосот на Националната галерија на Северна Македонија, Горанчо Ѓорѓиевски, на отворањето на изложбата.