Актерите Софија Вергара и Џо Манџаниело се разведуваат по седум години брак.
„Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои се сакаат и почитуваат многу, замолуваме да се почитува нашата приватност додека се справуваме со оваа нова фаза во нашите животи“, стои во нивната заедничка изјава.
Педесет и едногодишната ѕвезда на ТВ-серијата „Модерно семејство“ и глумецот познат по улогите во „Вистинска крв“ и „Магичниот Мајк“ се венчаа во ноември 2015. Вергара има 31-годишен син од претходен брак.
(Фото: Филм меџик)