СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО ТОКИО ВЕЌЕ НЕМА ДА МОРА ДА ИМААТ ЦРНА КОСА

Токио, (Гардијан)

Државните средни училишта во Токио ќе ги укинат контроверзните правила за фризура и долна облека по притисокот од учениците. Околу 200 јавни училишта и други образовни установи во април ќе укинат пет правила, вклучувајќи го барањето учениците да мора да имаат црна коса.

Меѓу правилата што ќе се укинат е и задолжителната боја на долната облека.

Овој потег следува по истражувањето што минатата година било спроведено во 240 училишта во Токио, при што било утврдено дека 216 од нив ги задржале правилата што сè поголем број луѓе во образованието ги сметаат за застарени.

Некои правила, сепак, ќе останат во некои училишта на барање на учениците и родителите. Меѓу досегашните правила е и она дека учениците мора да приложат доказ дека нивната коса е природно кадрава или природно не е црна.

Дебатата за строгите правила се засили пред неколку години кога 18-годишна ученичка ги тужеше образовните власти на Осака откако училиштето ѝ се заканило со исклучување ако не ја обои својата природно кафеава коса.