СРПСКАТА ПРЕТСТАВА „КОЈ ЈА УБИ ЏЕНИС ЏОПЛИН?“ ВЕЧЕРВА НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Кој ја уби Џенис Џоплин?“, по текст од Тијана Грумиќ, во режија на Соња Петровиќ, а во изведба на Српскиот народен театар од Нови Сад ќе се изведе вечерва на Охридско лето. Таа ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот.

Улогите ги играат Бојана Милановиќ, Соња Исаиловиќ, Стефан Вукиќ, Димитрије Аранѓеловиќ, Вукашин Ранѓеловиќ, Петар Бањац, Филип Грубач и Игор Сакач. Се работи за своевиден драмски омаж за една жена која дошла до својот крај за да се случи нов почеток.

„Кога размислував да направам претстава за личноста која ми беше пример и инспирација во тинејџерскиот период, секогаш за неа мислев како да се работи за две личности. Една приказна е за несигурна, нежна, неприфатена и незаштитена девојка, а другата е за храбра, агресивна основачка на нова листа на критериуми за жените“, вели режисерката Петровиќ.