По повод почетокот на учебната година, Општина Аеродром од утре до 1 септември секоја вечер ќе организира забави на повеќе локации низ општината.

Утре во паркот „Јане Сандански“ ќе настапи ДНК, а в недела на детската улица Тоше Проески ќе се одржи театарската претстава за деца „Зеленковци“, придружено со настап на диџеј Мики. Од понеделник до петок во Паркот на езерата ќе настапат „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс, „Кума енд д бенд“ и диџеите Вера Јанковиќ, Цена, Драган Б. Костиќ, Мартин и Баже.

Ова ќе кулминира на 31 август, кога во паркот „Авионче“ ќе настапи светски познатиот диџеј Пол ван Дајк.

„‘Бек то скул‘ неделата ќе ја заокружиме со фамилијарно дружење и скара на 1 септември во паркот Бановина и ќе се релаксираме со настапот на Огнен Здравковски и со незаборавните рок и ексју хитови“, велат од Општина Аеродром.