Мајк Тајсон ќе се врати во боксерскиот ринг на 58 години откако закажа егзибициски меч со јутјуберот и борач Џејк Пол. Мечот ќе се одржи на 20 јули на стадионот на Далас каубојс, кој може да прими 80.000 гледачи и ќе се пренесува на „Нетфликс“.
Три децении помладиот Пол го имаше последниот, десетти професионален меч во саботата, кога го победи Рајан Бурленд. Тајсон, кој ќе наполни 58 години три недели пред дуелот со Пол, ја заврши професионалната кариера во 2005, а последниот егзибициски меч го имаше во 2020.
Засега е непознато за колку пари ќе се борат Тајсон и Пол, кој заработи девет милиони долари кога лани изгуби од боксерот и ТВ-ѕвезда Томи Фјури. Пол се прослави на Јутјуб, пред да се префрли на боречките спортови. Новата кариера ја почна со шест победи, а потоа забележа три порази по ред.
Фото: АП