ТАНЦ ПЕРФОРМАНСОТ „ВРТОГЛАВИЦА“ УТРЕВЕЧЕР ПРЕД ВЕЛЕШКАТА ПУБЛИКА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Утревечер на сцената на Велешки театар (20 часот) ќе биде изведен танц перформансот „Вртоглавица/Schwindel”. Тој истражува како луѓето се справуваат со разни емоционални и животни фази, состојби, очај, повреда, ранливост, но и со тоа како се преминуваат границите.

Schwindel е термин од германски јазик кој има двојно значење: како измама и вртоглавица. Името на перформансот доаѓа од идејата на германскиот кореограф Тобијас Драгер да ја адресира појавата на вртоглавица и исцрпеност како последица на брзиот начин на живот со кој се соочуваме.

Како танчари ќе настапат Дејан Битровски, Теодора Ежовска, Сара Тасевска, Нина Петрушевска, Илина Костовска и Елена Стојкоска. Продукцијата е на Платформа Битрикс, во соработка со Младински културен центар и КСП „Центар Јадро“ во Скопје. По Велес, перформансот ќе гостува во Скопје, Штип и Струмица.

П. ПЕЧКОВ