РИСИМКИН И СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР СО „ЛЕДИ МАГБЕТ“ ЛЕТОВО НА ФЕСТИВАЛ ВО ВЕРОНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Кореографката Рисима Рисимкин со танчарите на Скопје танцов театар од 24 до 31 август ќе гостуваат на Фестивалот на Шекспир во Верона со претставата „Леди Магбет“.

Фестивалот полни 75 години постоење и на неговите сцени гостувала долга листа на продукции, актери, режисери, сценографи, музичари, танчари и кореографи. Рисимкин и Скопје танцов театар ќе бидат дел од Шекспир фринге програмата, која ќе се одржи на крајот на август.

„Многу сум благодарна што мојата работа како уметник е препозната од уметничкото раководство на фестивалот и возбудена сум од помислата дека ќе гостуваме во овој извонреден град. За мене, женските ликови во драмите на Шекспир се особено интересна тема и предизвик ми е да истражувам и создавам во тој контекст, врз кој се базира претставата ‘Леди Магбет (Квартетот)‘. Темата е актуелна и сакам да повлечам паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и современите аспекти на темите кои ги опфаќа“, вели Рисимкин.

(Фото: СДК.МК)