Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ направи неверојатни снимки од завршните фази од животот на една ѕвезда. Тие покажуваат досега невидени детали од структура од блескав гас позната како маглината Прстен.
Оддалечена околу 2.600 светлосни години од Земјата, оваа маглина е родена од ѕвезда што умира која ги исфрлила своите надворешни слоеви во вселената. Научниците велат дека снимките можат да дадат клучен увид во животните циклуси на ѕвездите.
„Сведочиме на последните поглавја од животот на ѕвезда. Набљудувањата од ‘Џејмс Веб‘ ни отвораат нов прозорец кон разбирањето на овие воодушевувачки космички настани“, изјави Мајк Барлоу, ководач на тимот на астрономи кој ги објави снимките.
Прстен е добро позната маглина и е видлива во текот на летото.