ТОН ТЕЧНО ЧОКОЛАДО ПРЕКРИ УЛИЦА ВО ГЕРМАНИЈА

Берлин, (Гардијан)

Улица во западногерманскиот град Вестенен доби нова подлога, откако тон течно чоколадо се излеа од локалната фабрика.

Весникот „Зестер анцајгер“ објави дека излевањето се случило поради мал технички дефект на еден склад во фабриката „ДрајМајстер“ и кога чоколадото дошло во допир со студениот асфалт, бргу се стврднало.

Дваесет и пет пожарникари излегле на терен за да го отстранат чоколадото со лопати, потпомогнати од жешка вода и факели. Од фабриката соопштија дека набргу повторно ќе продолжат со работа.

„Среќа што ова не се случи поблиску до Божиќ, тоа ќе беше вистинска катастрофа. Вака, ги убедуваме сите дека ќе имаме доволно чоколадо за празниците“, соопшти менаџментот на фабриката.