Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека актерите Џон Војт, Мел Гибсон и Силвестер Сталоне ќе бидат негови специјални амбасадори во Холивуд.
„Тие ќе ми служат како специјални делегати за да го вратам Холивуд, кој изгуби голем дел од бизнисот во последните четири години поради странски земји. Холивуд ќе биде поголем, подобар и посилен од кога било“, напиша Трамп.
Војт е долгогодишен поддржувач на Трамп и јавно ја поддржа и неговата прва кандидатура за претседател во 2016. Во 2019 Трамп му додели Национален медал за уметност.
И Гибсон и Сталоне го поддржаа Трамп во последната кампања во 2024. Сталоне во една прилика го нарече „вториот Џорџ Вашингтон“.
„Овие тројца многу талентирани луѓе ќе бидат мои очи и уши и ќе го направам она што тие ќе го предложат. Повторно ќе дојде златното доба на Холивуд“, кажа Трамп.