На 12 и на 13 јануари, во Националната опера и балет, традиционално ќе се одржат двата гала Василичарски концерти, од 20 часот. Темата, трета година по ред се познати оперски арии, со кои ќе настапат: солистите хорот, оркестарот и балетот на НОБ.
Ариите од Чајковски, Росини, Моцарт, Белини, Бизе и други славни композитори ќе ги испеат солистите на Операта: Весна Ѓиновска-Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп-Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски и Владимир Саздовски.
Режисер е Дејан Прошев, концерт мајстор Јане Бакевски, хор мајстори Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска а кореограф е Саша Ефтимова.
Диригент на концертот е гостинот од Канада, Клод Лаплам. Билетите по цена од 800 до 1.200 денари за продаваат онлајн и на билетарата на НОБ.