На 17 јуни во двете галерии на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори третата годишна изложба на професори и студенти. Изложбата ќе трае до 30 јуни.
Сите заинтерересирани професори и студенти можат да аплицираат најдоцна до 15 мај на [email protected] и [email protected].
На изложбата досега учествуваа Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Ликовната академија при УГД во Штип, Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово, приватната школа за уметност „Скала“, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН и Меѓународниот балкански универзитет.