ТРИ ДЕНА ПО УКИНУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ ПОТВРДЕНИ 52 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, НАЈМНОГУ ОД 18 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Само три дена по укинувањето на најголемиот дел од рестриктивните мерки, во Македонија е регистриран најдрастичниот пораст на бројот на заразени со коронавирус од 18 април.

  • Министерството за здравство ја потврди смртта на уште четири лица од КОВИД-19: двајца пациенти од Скопје на возраст од 73 и 76 години, 55-годишна тетовка и 82-годишен велешанец.
  • Со тоа вкупната бројка починати се искачи на 126.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени 52 нови случаи на коронавирус, што е рекордна дневна бројка од 18 април.
  • Повторно најмногу се во Скопје – 26, па следуваат Тетово со девет, Штип со седум, Куманово со шест, Струга со два и еден во Велес и Кочани.
  • Во Македонија досега има 2.129 заразени, од што 487 се активни случаи.
  • Оздравеле 1.516 лица, 30 повеќе во однос на вчера.