ТРИ НАГРАДИ ЗА ПРЕТСТАВАТА „РОЊА, ЌЕРКАТА НА ОГРАБУВАЧОТ“ НА ТДМ ВО ПОДГОРИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата на Театарот за деца и младиници „Роња, ќерката на ограбувачот“ освои три награди на Меѓународниот куклен фестивал во Подгорица, кој се одржуваше од 31 август до 4 септември. Во режија на Јакуб Максимов, претставата е работена според истоимениот роман на Астрид Линдгрен.

„Роња, ќерката на ограбувачот“ доби Гран при за најдобра претстава, награда за најдобра режија и награда за актерско мајсторство (Матеа Јанковска).

Покрај Јанковска, во претставата настапуваат Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, костимите и дизајнот на куклите и маските се дело на Олга Зјебињска од Полска.