ТРОПСКИОТ ЗАЛИВ ОД ФИЛМОТ „ПЛАЖА“ ОСТАНУВА ЗАТВОРЕН ДО 2021

Бангкок, (Би-Би-Си)

Заливот во Тајланд прославен во филмот „Плажа“ со Леонардо ДиКаприо ќе остане затворен за туристи до 2021 година.

Заливот Маја на островот Фи Фи Ле привремено беше затворен минатата година откако беше утврдено дека значителниот пораст на посетители предизвикал големи штети на околината. Пред да биде затворена, околу 5.000 луѓе дневно ја посетувале плажата, како резултат на што изумреле повеќето од коралите. Властите сега одлучиле да ја затворат за посетители на две години, со цел да се даде време на локалниот жив свет да се обнови.

Плажата стана туристичка атракција благодарение на филмот на Дени Бојл од 2000 година, со ДиКаприо и Тилда Свинтон во главни улоги.