Црногорската претстава „Мислам дека треба да разговараме“ е вечерва на репертоарот на регионалниот фестивал РУТА во скопскиот Драмски театар. Претставата на Градско позориште Подгорица, во режија на Данило Маруновиќ, е инспирирана од филмот на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“.
Улогите ги играат Миливоје Обрадовиќ, Вања Јовичевиќ, Јелена Ненезиќ, Милош Пејовиќ, Ивона Човиќ-Јакимовиќ и Павле Поповиќ.
„Оваа претстава зборува за човечноста, интимата и смислата на животот. Таа дава отпор на отуѓувањето и на сѐ поголемото намање човечност и оди во пресрет на потребата да се исплива од дното на дигиталниот базен“, истакна актерката и директорка на театарот, Ивона Човиќ–Јакимовиќ.