ЦРВЕН КРСТ ВО СОРАБОТКА СО „ПИВАРА СКОПЈЕ“ ФОРМИРА МОБИЛНИ ТИМОВИ ЗА ПОМОШ НА РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ СКОПЈАНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од утре, Црвен крст на Град Скопје, во соработка со „Пивара Скопје“, почнува со обезбедување логистичка поддршка на ранливи групи луѓе на територијата на градот. Во функција ќе бидат ставени 10 мобилни тимови кои ќе бидат лоцирани на пет места во градот, како и дополнителен тим за бездомни лица во Момин Поток.

Тие ќе функционираат секој работен ден од 8:30 до 12:30 часот и нивна задача ќе биде да доставуваат лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена до домовите на стари, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болни лица, семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории, со цел тие да не излегуваат надвор во ова ризично време. Трошоците ќе бидат покриени од „Пивара Скопје“, Град Скопје и општините во Скопје.

За повикување на мобилните тимови, граѓаните ќе можат да ги користат следните телефонски броеви, според местото на живеење:

Црвен крст Центар: 070/297-166, 02/3115-029

Црвен крст Кисела Вода: 070/379-456, 02/3211-417

Црвен крст Чаир: 070/208-383, 02/2621-924

Црвен крст Карпош: 070/226-136, 02/3068-806

Црвен крст Гази Баба: 071/243-078, 02/2529-153

Тим за бездомни лица: 02/3096-227

Дополнително, од утре ќе функционираат и две СОС-телефонски линии на Црвен крст на Град Скопје, преку кои секој работен ден од 9 до 13 часот граѓаните ќе можат да добијат психо-социјална поддршка. За стари и изнемоштени лица бројот е 075/352-246, а за останатите граѓани 071/379-119.