Турскиот театар во Скопје, кој ги користи просториите на Театар Комедија, денеска од 14 часот премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Рапунзел“ од браќата Грим. Адаптацијата и режијата се на Џабир Доко.
Играат Инес Радончиќ (Вештерката), Ебру Мусли (Младата жена), Јеткин Сезаир (Младиот човек), Жале Османи (Рапунзел), Метин Ибрахим (Принцот) и Дин Ибрахим (Змејот).
Сценографијaта е на Татјана Блажевска-Христоска, а костимографија на Розе Трајческа-Ристевска.