УКИНАТ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ЕДНА ОД ПОСЛЕДНИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ЗЕМЈАВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
People enjoy sunny day at the terrace of a restaurant at the main square in Skopje, Republic of North Macedonia, 28 April 2021.North Macedonia’s government has decided to ease measures preventing the spread of Covid-19.The coffee shops and restaurants in North Macedonia can receive guests again, but only outdoors.They can serve the guests until 20.30, since in the evening the "curfew" starts at 21.00, one hour later than the previous weeks.

По повеќе од три месеци, во Македонија веќе нема општа забрана за движење во ноќните часови, со што беше укината една од последните рестриктивни мерки во пандемијата.

  • Владата вчера го укина полицискиот час, што беше воведен на 10 март и последно траеше од полноќ до четири часот.
  • Се враќа старото работно време на угостителските објекти без ограничувања, со тоа што ќе смеат да работат само во отворените делови.
  • Се дозволува организирање настапи на отворено, при што капацитетот ќе биде ограничен на 50%, а бројот на посетители на 1.000.
  • Владата претходно ја укина мерката за задолжително носење маска на отворено.
  • Во изминатите седум дена, во Македонија се регистрирани 143 нови случаи на коронавирус и 14 починати.
  • Бројот на активни случаи на зараза падна на 420.