Уметникот Бојан Ковски во живо демонстрираше цртање на тело, на изложбата „Кара“ (Carra) која се одржа на 1 ноември во Националната опера и балет (НОБ). Ковски ја најави моделката и неколку минути црташе пред гостите.
Изложбата е инспирирана од познатата италијанската пејачка, актерка и модел Рафаела Кара, која почина во 2021.
Беа поставени 12 body-art инсталации, секоја со уникатен визуелен идентитет.
На Ковски претходно му позираа 15 модели, познати личности за кои рече дека нивните тела ги доживеал како платно.
На инсталациите ја видовме пејачката Антониа Гиговска која настапи со својата нова песна „Жена“. Дел од моделите е и професорката Калтрина Круезиу, стилистот Даниел Николовски јутјуберот Александар Динев, водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, јутјуберите Иван Ајнштајн и Кике Цветче, модната дизајнерка Ангелина Китановска, стилистот Октаи и водителката Нина Славковска (Нина Ред) и други.
„Благодарам на сите што дојдовте, на моделите, а најмногу на мојата муза, легендарната пејачка Рафаела Кара која ми е инспирација за изложбата. Телото во случајов е живо платно, кое станува средство за изразување на емоции, ставови и естетски идеали“, кажа Ковски на изложбата.
М. ЏАРОВСКА