УМРЕ НАЈСТАРИОТ НОСОРОГ НА СВЕТОТ

Додома, (Би-Би-Си)

Носорог за кој се верува дека е најстар на светот умре во Танзанија на возраст од 57 години.

Фауста, женка на источен црн носорог, првпат била забележана во кратерот Нгоронгоро во 1965 година, кога била тригодишна. Таа слободно луташе низ кратерот повеќе од 54 години, а последните години, поради нарушеното здравје добиваше специјалистичка грижа во прибежиште.

Фауста никогаш немала млади и научниците сметаат дека тоа придонесло за нејзин долг живот.

„Податоците покажуваат дека ниеден носорог на светот не живеел толку долго колку Фауста. На денот кога умре, во нашиот национален парк се роди друг носорог“, изјави конзерваторот Фреди Манонги.

Вообичаен животен век на носорозите во дивина е меѓу 37 и 43 години, а во заробеништво, околу 50. Источниот црн носорог се наоѓа на листата на критично загрозени животни.