УШТЕ ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ЗА ВЕЛИГДЕН ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ОД ПЕТОК ДО ВТОРНИК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уште четири лица починаа од последиците на коронавирусот во Македонија, додека Владата ги исполни најавите и дополнително го продолжи полицискиот час за Велигден.

  • Двајца пациенти од Скопје (79 и 63 години), еден од Велес (58) и еден од Прилеп (67) се последните жртви на КОВИД-19 во земјата.
  • Вкупната бројка починати со тоа порасна на 38.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени и нови 26 случаи на зараза, дури 42 помалку во споредба со вчера.
  • Единаесет од новорегистрираните се од Куманово, па следуваат Скопје и Тетово со по четири, Прилеп со три, Велес со два и Кочани и Пробиштип со по еден.
  • Во Македонија досега има 854 заразени со коронавирус, од кои 44 се излекувани.
  • Општата забрана за движење за Велигден ќе опфати дури пет дена: ќе почне в петок во 16 часот и ќе заврши во вторник во пет часот наутро.
  • Дополнително, собирање по излетнички места и паркови ќе биде забрането уште од четврток.
  • На светско ниво досега има речиси 1,9 милиони заразени, од кои речиси 120.000 починале.