Уште три лица починаа од КОВИД-19 во Македонија, додека Владата донесе одлука за драстично проширување на полициски час, со цел да се намалат шансите за ширење на коронавирусот.
- Четириесетгодишен жител на Кочани, без претходни познати заболувања, почина од последиците на коронавирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, исто како и двајца тетовци на возраст од 69 и 65 години.
- Во Македонија досега има 21 жртва на КОВИД-19.
- Потврдени се и нови 15 случаи на коронавирус, што е значително помалку во споредба со вчера, кога имаше дури 72.
- Од тоа, повеќе од половина се во Куманово – осум, па следуваат Скопје со четири и Тетово, Струга и Штип со по еден.
- Вкупната бројка заразени сега изнесува 570.
- Министерот за здравство Венко Филипче извести дека се излекувани уште тројца пациенти, вкупно 30 досега.
- Почнувајќи од среда, полициски час ќе биде на сила секој ден од 16 до пет часот, а за викенди, движењето ќе биде забрането во целост.
- Во работни денови, лицата над 67 години ќе смеат да излегуваат од дома само од 10 до 12 часот, а малолетниците од 13 до 15 часот.
- На светско ниво сега има повеќе од 1,3 милиони заразени, како и над 72.000 починати.