Скулпторот Никола Смилков има несекојдневна изложба во поле со лаванда во атарот на селото Тамјаниика во близина на Бела Паланка (Србија), каде што се изложени девет негови дела. Плантажата е подигната од словенечкиот уметник Горазд Чук со намера да го одгледува ова растение и да ја оплеменува со уметнички дела.
„Ова е еден несекојдневен спој на природата и уметноста. Како што лавандата има специфична арома, така и скулптурите имаат своја душа. Чинам, присутните го почувствуваа тоа“, вели Смилков.
Изложбата ќе трае до 1 јули, кога официјално ќе започне бербата на лавандата.
На Смилков ова му е втор настап во плантажа со лаванда. Тој претходно имаше еднонеделна изложба во уметнички салони во Будва и Белград.
Т. ЈОВАНОВСКИ