Вечер на танцови филмови ќе се одржи вечерва во Џебното кино на Младински културен центар, при што Танц фест Скопје ќе претстави тројца автори во рамките на серијата „Современи кореографски идентитети“.
Почнувајќи од 21 часот, ќе бидат прикажани „2020 (Во потрага по оптимизам и други чудовишта“), чија режисерка е Дора Кокољ, „ВИТРО“ на Филип Петковски и „Home/the movie“ (последен пресек, консензусна реалност)“, во режија и кореографија на Адријана Данчевска.