Покрај традиционалните културни манифестации како Рацинови средби, Фолклорен фестивал, Фестивал на античка драма Стоби и Скулпторска колонија, Велес оваа година ќе добие три нови. За нив се дозна на последната, деветта седница на Советот. Тоа се Велес мурал фест, Насмеј се и Фестивал на џез и светска музика.
За Велес мурал фест, со кој со мурали ќе се оплеменат повеќе јавни површини во градот, се издвоени 200.000 денари.
Насмеј се е театарска манифестација што ќе се фокусира на кратки претстави, кои би се одржувале на отворено и на неконвенционални простори. За него се издвоени 750.000 денари.
Фестивалот на џез и светска музика треба да го збогати градот со ваков тип на музика, за што се предвидени 300.000 денари.
П. ПЕЧКОВ