Децата од градинката „Димче Мирчев“ од Велес, нивните родители, како и вработените во шесте клона, подарија библиотека со детски наслови за Детското одделение во Велешката болница. Средствата за донацијата се собрани од продажба на домашно изработени книги во месецот на книгата.
Библиотеката содржи бајки, сказни и боенки кои децата, додека се хоспитализирани на ова одделение, ќе можат да ги читаат, прелистуваат и да имаат како да го исполнуваат времето во текот на престојот.
„Идејата се роди во месецот на книгата, кога имавме креативни работилници. Во овој период родителите заедно со децата изработуваа книги, на тој начин децата го поминуваа слободното време кое креативни активности.
Изработените домашни книги ги изложивме во Локалната библиотека, каде беа продавани. Собравме 26 илјади денари, кои ги наменивме за изработка на оваа мини библиотека. Набавивме три шкафчиња и детска литература.
Ова е подарок од срце од децата и нивните родители од градинките“, кажа Маја Велиновска директорка на Градинките „Димче Мирчев“ од Велес.
П. ПЕЧКОВ