Младите пијанисти од ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ сношти (петок) одржаа весел концерт насловен „Вечер на популарни мелодии“.
Настапија ученици од основното и од средното музичко училиште, со 25 популарни песни во концертната сала во училиштето. Песни од Каролина Гочева, Тоше Проески, Ријана, Џон Леџенд „Идоли“, но и џез етиди отсвиреа и отпејаа талентираните млади музичари кои делата ги подготвија со своите ментори.
Во духот на празниците, се свиреа и познати новогодишни и божиќни песни, како и „Убавиот син Дунав“ од Јохан Штраус.
Одделот по пијано истата вечер одржа три концерти. Првите два беа насловени „Класиката е вечна“, а настапија вкупно 60 ученици.