ВО АВСТРАЛИСКИ ВОДИ ОТКРИЕНО НАЈДОЛГОТО ЖИВОТНО НА СВЕТОТ

Сиднеј, (Гардијан)

Научници кои ги истражуваат длабоките води покрај брегот на Австралија велат дека откриле 30-ина нови морски видови, но и она за што веруваат дека е најдолго животно на светот.

Експедицијата ги истражувала подводните кањони во Западна Австралија, а едно од најважните откритија е сифонофора долга 46 метри. Сифонофори се предатори кои живеат на големи длабочини и се состојат од голем број мали клонови кои дејствуваат заедно како еден организам, издолжувајќи се како една долга жица. Тие сметаат дека ова е најдолгата сифонофора досега пронајдена.

Некои од 30-те можни нови видови откриени од експедицијата

Истражувачкото возило на експедицијата најмногу се спуштило до 4.439 метри длабочина, а екстрадолгата сифонофора била забележана на 630 метри под површината. Таа е речиси двојно поголема од повеќето сини китови, односно трипати поголема од грбав кит, кој може да порасне до 15 метри.

„Беше неверојатно да се види еден таков огромен организам кој се шири како спирален НЛО. Не ни се веруваше што гледаме“, изјави Нерида Вилсон, виш истражувач-научник од Музејот на Западна Австралија, која ја предводеше експедицијата.