ВО МАКЕДОНИЈА 1.200 ОЗДРАВЕНИ И 373 АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Македонија продолжи да се намалува бројката на активни случаи на коронавирус, откако се регистрирани уште 64 оздравени.

  • Во изминатите 24 часа се потврдени 22 позитивни теста на коронавирус и тоа во само три града: 13 во Скопје, седум во Тетово и два во Прилеп.
  • Вкупната бројка досега изнесува 1.664.
  • Веќе два дена нема починати од КОВИД-19 и бројката стои на 91.
  • Институтот за јавно здравје извести дека оздравеле уште 64 заразени.
  • Од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.200 лица, со што бројката активни случаи се намали на 373, најмногу во Скопје – 128, па следуваат Прилеп и Тетово со по 58 и Велес со 49.