Македонија стигна до бројката од 1.300 заразени со коронавирусот од почетокот на кризата, од кои над 300 заздравиле.
- Македонија повторно е во фаза на благ пораст на бројот на новозаразени, откако во последните 24 часа се потврдени 41 позитивен тест (од направени 649).
- Најмногу се во Скопје – 17, па следуваат Куманово со 11, Прилеп со пет, Тетово со три, како и по еден во Кавадарци, Гостивар, Крива Паланка, Кичево и Неготино.
- Процентот на позитивни тестови во земјава падна под 10 отсто во изминатите три дена, според официјалните бројки објавени од Институтот за јавно здравје.
- Во Македонија досега има 1.300 случаи на коронавирус, при што починаа 56 лица.
- Министерството за здравство објави дека заздравиле уште 29 лица, со што вкупната бројка порасна на 301.
- По олеснувањето на полицискиот час, Владата денеска укина една од рестриктивните мерки и повторно дозволи движење низ шума.
- На светско ниво досега има над 2,6 милиони заразени и над 186.000 починати, додека заздравиле 731.000 лица.