Во Македонија се потврдени уште 20 случаи на коронавирус, додека на светско ниво беше надмината бројката од четири милиони заразени.
- Во последните 24 часа се направени 275 тестирања и 20 биле со позитивен резултат.
- Во Скопје има 12 новозаразени, а останатите се во Прилеп (три), Тетово (два), Куманово, Битола и Гостивар (по еден).
- Од почетокот на кризата, во земјата се регистрирани 1.642 случаи на коронавирус, од кои 415 се активни, а 91 лице почина.
- Досега оздравеле 1.136 носители на вирусот, што е 24 повеќе во однос на вчера.
- Повеќе од четири милиони случаи на коронавирус досега се потврдени низ светот, објави универзитетот Џонс Хопкинс, но се верува дека бројката е далеку поголема.
- Експертите предупредуваат дека е можен втор бран на зараза додека голем број држави почнуваат да ги олабавуваат рестриктивните мерки.
- Министерството за здравство вчера објави дека тие и натаму остануваат на сила во Македонија.