Македонија трет ден по ред е на помалку од десет новозаразени со коронавирусот, додека бројката оздравени надмина една илјада.
- Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје почина 59-годишна тетовка, која 15 дена била во тешка состојба и таа е 86. жртва на КОВИД-19 во земјата.
- Во изминатите 24 часа се направени 185 тестирања, од кои само осум биле позитивни (четири во Велес, три во Скопје и еден во Битола).
- Во Македонија досега се регистрирани 1.526 случаи на коронавирус.
- Бројката оздравени достигна до 1.013, 21 повеќе во споредба со вчера.