ВО МАКЕДОНИЈА НАДМИНАТА БРОЈКАТА ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија денеска ја надмина бројката од половина милион вакцинирани граѓани против ковид-19, објави Министерството за здравство.

  • Досега се аплицирани 862.246 дози, а 361.431 лице се целосно вакцинирани.
  • 63% од лицата над 70 години имаат примено барем една доза од вакцината.
  • 45% од населението над 50 години е имунизирано со една доза.
  • Македонија на 14 февруари ги доби првите вакцини против ковид-19, подарени од Србија.
  • Помасовната имунизација почна на крајот на март, откако пристигнаа 25.000 вакцини на Оксфорд и „АстраЗенека“.
  • Од почетокот на епидемијата, во Македонија има над 155.000 заразени и 5.491 починат од ковид-19.
  • Бројот на активни случаи изнесува 326.