Уште четири лица починаа од КОВИД-19 во Македонија, додека бројката оздравени ја надмина бројката на активни случаи на коронавирус.

  • Шеесет и двегодишен скопјанец, 59-годишна жителка на Гостивар и двајца пациенти од околината на Куманово на возраст од 72 и 79 години се последните жртви на КОВИД-19 во земјата.
  • Коронавирусот досега однесе 77 животи во Македонија.
  • Потврдени се уште 23 случаи на коронавирус (шест во Тетово, по пет во Скопје и Куманово, три во Прилеп и по два во Велес и Неготино), со што вкупната бројка порасна на 1.465.
  • Институтот за јавно здравје објави дека оздравеле уште 111 лица.
  • На тој начин, во Македонија сега има повеќе оздравени (738) од активни случаи на коронавирус (650).
  • Во оваа насока, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ќе се намали бројот на тестирањата, затоа што „се намалуваат индикациите за тестирања и се движиме кон стишување и намалување на епидемијата, што се очекуваше во овој период“.
  • На светско ниво досега има над 3,2 милиона заразени, 230.000 починати, како и повеќе од еден милион оздравени.