ВО МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ВО ЕДЕН ДЕН ИМА ПОВЕЌЕ ИЗЛЕКУВАНИ ОД НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Коронавирусот однесе уште три животи во Македонија, додека за првпат во еден ден има повеќе излекувани отколку новозаразени.

  • Од Министерството за здравство информираа дека од КОВИД-19 починале 46-годишна пациентка од Лабуништа, 63-годишна жена од Куманово и 71-годишен прилепчанец.
  • Со тоа, бројката починати во Македонија порасна на 54.
  • Потврдени се и 18 нови случаи на зараза, што е најмала дневна бројка од 8 април.
  • Половина од нив се во Куманово, а коронавирусот првпат е регистриран во Пехчево.
  • Во Македонија досега има 1.225 позитивни теста.
  • Потврдено е дека се излекувани уште 21 пациент, а вкупно 200 досега.
  • На светско ниво досега има речиси 2,5 милиони заразени и над 167.000 починати од КОВИД-19.